Обуки за Локални младински совети

Реализиран циклус на обуки за Локални младински совети

Локалните младински совети се предвидени со Законот за младинско учество и младински политики, и претставуваат механизми за младинско учество на локално ниво, имајќи советодавна и застапувачка улога во процесите одлучување и креирање политики. Во насока на јакнење на нивната функционалност, проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” реализира процес на јакнење на капацитетите на членовите на локалните младински совети и локални собранија за млади од повеќе општини.

Првата обука на тема „Интегрирање на родовата перспектива во работата на локалните младински совети“ се одржа во периодот од 01 – 03 декември 2022 година во Охрид. Преку обуката, учесниците ги зајакнаа капацитетите како да ја вградат родовата перспектива во локалните процеси на планирање и спроведување на програми и иницијативи.

Втората обука за локални младински совети на тема „Превенција и справување со кибер – насилство помеѓу младите“ се одржа во периодот од 15 – 17 декември 2022 година во Охрид. Учесниците се запознаа со видовите на кибер насилство,  безбедност на интернет,  позитивна комуникација на интернет, креирање на здрава средина во локалната заедница, креирање на акциски планови за справување со кибер – насилство.

Во периодот од 14-16 март 2023 година членовите на Локални младински совети учествуваа на „Oбука за анализа на јавни политики“ на која се запознаа за учеството на младите во анализа на јавни политики преку презентирање на аргументи, како да презентираат подготвени документи за јавна политика и како да дизајнираат документи за јавни политики. 

Во период од 06 – 08 април 2023 година, членовите на Локалните младински совети учествуваа на обука за „Застапување и лобирање“, на која се стекнаа со знаења и вештини за ефективно застапување на потребите на младите во својата локална заедница.

Последната обука на тема „Финансиска писменост и јавни финансии на локално ниво“ се одржа во периодот од 09 – 11 мај 2023 година во Охрид. Преку обуката, членовите на локалните младински совети се стекнаа со знаења и вештини за концептот на финансиска писменост и алатки за партиципативно планирање на општинските буџети, анализа на општинскиот буџет, следење и транспарентност на општинскиот буџет како и улогата на младинските совети во процесите на планирање на општинските буџети, креирање на предлог буџет.

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со СОС Детско село, Волонтерски Центар Скопје и Женски Форум Тетово, со поддршка од Европската Унија.

More News

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Fill out this field
Fill out this field
Please enter a valid email address.
You need to agree with the terms to proceed